Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Објавено January 27, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата и ќе влијaеме врз растот на брутодомашниот производ. Градежништвото ќе земе замав пред се заради проектите што ги реализира државата во делот на патната и железничката инфраструктура, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за БлумбергАдриа.

Тој потенцираше дека главен фокус на Владата оваа година ќе биде најголем економски раст во регионот преку реализација на планираните инфраструктурни проекти.

“Очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за 67 километри автопат, што за држава како Македонија е прилично солидна бројка во една година. Исто така очекувам оваа година Македонија да биде прва во регионот во делот на економскиот раст, тука пред се градежништвото ќе зема значаен дел и не мислам само на градежната оператива која што е од приватниот сектор, туку се она што го стимулира државата пред се во делот на изградба на автопатиштата, магистралните патишта, понатаму реконструкција на железницата, така што навистина ќе има големи проекти оваа година” -истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски

Тој најави ревизија на сите потрошени средства за капитални расходи на средината на годината за сите буџетски корисници, со тоа што ќе се примени систем за награди за сите кои успешно ги реализирале планираните средства.

“Главна наша заложба е успешна реализација на капиталните расходи, но исто така ќе направиме пресек во месец јуни и да видиме како оди реализацијата. Ќе одиме на принцип на наградување, односно ресорите кои добро ќе ги реализираат капиталните расходи ќе имаат можност да добијат и дополнителни средства на сметка на оние кои нема да ги реализираат, бидејќи клучно е да имаме добра реализација на капиталните расходи во споредба со оние од 69,6 % од минататa година”-додаде вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителката Јосифовска: Сите наводи на обвинетиот Палевски се неосновани, чудно е како тој ги има записниците за испитување од осомничените
Следна Статија Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ ќе се обратат во 18 часот, ќе соопштат важни вести!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања

Членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), е потврда за успешните регулативни реформи предводени од…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?