Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра

Објавено November 28, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија.

Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот.

-Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека  тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски. Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството.

– Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО  како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт.

Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.

– Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат – мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата односно да се спојат до граница, рече Николоски.

Нагласи дека апсолутно треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како крстосница и тоа треба да е приоритет број еден, но, како што рече, исто така треба да сме свесни дека ништо не се правело односно многу малку се правело во однос на ова во минатото.

Во тој контекст оцени дека состојбата со Железницата е повеќе од катастрофална, откако станал министер е обезбедена редовна исплата на плати во железничките претпријатија и оти следен горлив проблем е реструктуирањето и на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт.

Николоски тврди дека како резултат на одговорно работење двете железнички претпријатија ќе завршат со позитивни резултати за периодот од втората половина од годината, но оти сепак, поради работењето во првите шест месеци на крај ќе завршат со негативен биланс.

Истакна дека ја подобруваат и лошата состојба што ја наследиле во патничкиот и во товарниот сообраќај.

– Патнички возови скоро и да немаше можност да оперираат. За товарниот имавме тешки напори да се стави во функција, кога станав министер на пругите имаше над 24 композиции за кои немаше локомотива бидејќи на почеток на јуни имаше нула функционални локомотиви. Сега состојбата е подобра, имаме шест функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годната да има девет. Не е некое достигнување,  но од нула е многу подобро и веќе се стабилизира карго сообраќајот. Имаме амбиција за стабилизирање и на патничкиот, од декември ќе имаме два воза дневно до Гевгелија, наведе Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум
Следна Статија Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува…

January 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата изнесува 4.630 милиони евра

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. Како…

March 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преполовени германските работни дозволи за Македонија и Балканот

Од досегашните 50.000 дозволени работници, Германија одлучи да го намали бројот на годишни влезни дозволи на 25.000 за граѓаните од…

March 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од…

October 25, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?