Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот
МАКЕДОНИЈА

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

Објавено November 8, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија – оцени Николоски.

Тој рече дека нема информации дали на самитот во Будимпешта дошло до средба меѓу премиерот Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски вчера на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, остварил средба со шефот на француската држава Макрон. Мицкоски по средбата објави дека со Макрон отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓудругото, Мицкоски информира дека остварил низа билатерални средби, на кои ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, како што рече, она што е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители
Следна Статија За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Можни се рестрикции на вода во Скопје

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?