Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

Објавено October 28, 2024 14:40
Сподели
Сподели

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.

Заменик претседателот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет Меџити, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани.

Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите. Сакам да се заблагодарам за одличната работа на сите кои се вклучени во проектот, за поддршката која премиерот Мицкоски лично ја дава со тоа што го следи проектот на лична основа. Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железница, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:

-Најсликовито сите што патуваат, значи од третата патарина продолжува до Гостивар или четвртата патарина и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во предселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, изјави министерот Николоски.

Во своето обраќање премиерот Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после 2 години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.

Директорот на ЈП за джавни патишта Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност
Следна Статија Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата скокна 102 долари по барел

Цените на нафтата денес на меѓународните берзи пораснаа кон 102 долари, бидејќи суспензијата на американските санкции за руските барели беше…

March 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?