Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Завршуваме со големи капитални проекти, граѓаните ќе бидат сведоци на инфраструктурен развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Завршуваме со големи капитални проекти, граѓаните ќе бидат сведоци на инфраструктурен развој
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Завршуваме со големи капитални проекти, граѓаните ќе бидат сведоци на инфраструктурен развој

Објавено January 10, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и за моменталните активности на автопатот Охрид-Кичево, беа дел од темите за кои зборуваше вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски во Вечерното шоу на Богдан Илиевски.

Во однос на изградбата на првата фаза од пругата кон Бугарија, министерот истакна дека изградбата е во крајна фаза и во прашање се денови кога ќе се пушти во употреба оваа пруга во должина од 30км.

Пругата е веќе при крај и во многу брз период таа пруга ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје преку Куманово до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, или за делница во должина од 34км, која очекувам некаде до 2027 година да е готова, и ќе остане потоа третиот дел кој ќе треба да значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи – истакна министерот Николоски.

Во однос на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, Николоски потсети дека пред почетокот на летната сезона годинава, ќе биде пуштена во употреба најголем дел од трасата на автопатот или околу 40 км, а истиот ќе биде завршен до крајот на 2026 година.

Министерот Николоски зборуваше и за активностите на изградбата на коридорот 10д, каде во моментов се завршени работите околу изградбата на на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, на потегот од Градско до Дреново.

Првата фаза е скоро готова и во наредните денови ќе следува пуштање во употреба. Втората фаза ќе биде готова до март месец годинава – истакна тој и додаде дека со изградбата на овој патен правец и автопатот Прилеп-Битола Пелагонија ќе доживее целосна ренесанса и ќе добие модерно и брзо поврзување со останатиот дел од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манијак следел со возило две малолетнички, па се самозадоволувал пред нив
Следна Статија Атлетико се побуни поради Олмо и Виктор: Правилата мора да бидат еднакви за сите!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа

Оваа недела ќе биде официјалното лансирање на Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC), организација посветена на јакнење на економските врски и…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп најавува планови за намалување на правилата за ефикасност на гориво за автомобили

Извршни директори од Ford, GM и Stellantis се придружија на претседателот додека најавуваше планови за повлекување на правилата кои ги…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјална заштита

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот. Министерот за економија и…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?