Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија
СПОРТ

Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија

Објавено November 21, 2024 23:30
Сподели
Сподели

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов и покрај вечерашниот пораз од Литванија (67-82) во евроквалификациите, истакна дека е задоволен од покажаниот карактер на теренот и изрази надеж во подобар резултат на реваншот в недела.

Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме сè што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија, изјави Николов.

Репрезентативниот бек беше најефикасниот македонски кошаркар, завршувајќи го дуелот против Литванците со 18 поени на кои додаде и шест асистенции.

Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа. Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно, додаде Николов по натпреварот.

Со овој пораз Македонија значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот 2025 пред завршните три дуели во рамки на квалификациската група Х.

Пред избраниците на селекторот Александар Јончевски в недела е реваншот против Литванија во Клеипеда, пред дуелите во февруари идната година против лидерот во групата Естонија и Полска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат астролог открива: На три знаци конечно ќе им тргне од 22 декември
Следна Статија Трамп избра нов јавен обвинител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкендија поведе, па убедливо загуби од Карабах

Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот…

August 13, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во…

November 9, 2025
СПОРТ

Црвена Звезда го победи Партизан во 177-тото вечно дерби (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда го победија Партизан со 2-1 на гостински терен во деветтото коло од Супер лигата Моцарт Бет.…

September 21, 2025
СПОРТ

Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?