Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николов: Целта е Македонија да стане дел од Еуротрансплант за да има значителен напредок на здравствениот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Николов: Целта е Македонија да стане дел од Еуротрансплант за да има значителен напредок на здравствениот систем
ЗДРАВЈЕ

Николов: Целта е Македонија да стане дел од Еуротрансплант за да има значителен напредок на здравствениот систем

Објавено December 13, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Во денешната емисија Здравје фактор на ТВ 24, гостуваше д-р Игор Гила Николов, нефролог, кој се осврна на тековните напори и амбиции на Македонија во областа на трансплантацијата на органи. Според него, крајната цел на здравствениот систем е да се зголеми бројката на трансплантации и со тоа земјата да стане дел од Европската мрежа за трансплантации, позната како Еуротрансплант.

„Крајната цел е ние со зголемена бројка на трансплантации успееме да станеме дел од европската мрежа за трансплантации која се нарекува Еуротрансплант. Затоа што со членувањето во Еуротрансплант, стануваме земја која што би можела да прима органи од други земји или пак да прави размена со други земји“, изјави д-р Николов.

Д-р Николов напомена дека еден од клучните предизвици за Македонија е постигнувањето на соодветна бројка на донори. За успешно учество во Еуротрансплант, земјата треба да има околу 8 починати донори на 1 милион жители.

„За тоа ни се потребни околу 8 починати донори на 1 милион жители. Системот да успее да ја каптира таа бројка, за да успее да ја овозможи, ни е потребна целокупната координација,“ додаде д-р Николов.

Д-р Николов истакна дека Националниот координатор за трансплантација игра клучна улога во координирањето на сите тимови кои учествуваат во процесот, кој вклучува подготовка на листи, харвестирање на органи, трансплантирање и следење на целиот процес.

„Националниот координатор за трансплантација ги координира тимовите кои ќе учествуваат во подготовката на листите, во харвестирањето на органите, во трансплантирањето и во следење на целиот тој процес, кој што е практично комплициран процес, и претставува врв на развиеност на здравствениот систем,“ истакна д-р Николов.
Ако Македонија успее да достигне бројка од 8 донори на 1 милион жители, ќе биде во можност да учествува во европските мрежи за трансплантација.

„Кога ние ќе го доведеме здравствениот систем да имаме 8 на милион жители, ќе бидеме во можност да партиципираме во европските мрежи и тоа многу ќе допринесе за нашите граѓани,“ кажа д-р Николов.
Д-р Николов истакна дека Македонија активно соработува со соседните земји, од кои Хрватска е најнапредна. Држава која не има листа на чекање за органи.

„Во периодов се прави соработка во соседните земји. од оваа земја најразвиена е Хрватска, каде нема листа на чекање на органи,“ рече д-р Николов.

Д-р Николов додаде дека ако Македонија успее да го постигне нивото на соседите и продолжи тесно да соработува со нив, ќе се постигне значителен напредок во здравствениот систем.

„Доколку успееме да го постигнеме нивото на нашите соседи, коишто во еден период сме соработувале и продолжуваме тесно да соработуваме, веројатно ќе доживееме значителен напредок на здравствениот систем. Тоа ни е крајната цел,“ заклучи д-р Николов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Во нашата визија нема простор за корумпирана држава, за тоа повеќе нема ниту време, ниту пари
Следна Статија „Сè додека сум претседател, хрватски војник нема да води туѓи војни“: Милановиќ за дебатата во НАТО за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Три намирници кои имаат позитивен ефект врз функционирањето на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка, сместена на предниот дел од вратот, но нејзината улога во телото…

August 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина,…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при…

December 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мажот од Свонси го заменува личниот тренер со вештачка интелигенција и е ‘најсилен досега’

Дали вештачката интелигенција може да го промени фитнес индустријата нудејќи поевтина алтернатива на личните тренери?

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?