Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи
СВЕТ

Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи

Објавено January 1, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во Њујорк и европските метрополи.

Во Њујорк, точно на полноќ традиционално беше спуштена кристална топка на Тајмс Сквер, каде илјадници луѓе присуствуваа на дочекот, иако врнеше силен дожд, пренесе АП.

Топка тешка речиси шест тони содржана од 2.688 кристални триаголници се спушти на столбот на Тајмс Сквер.

На плоштадот настапија американската група TLC и поп-рок групата Jonas Brothers.

Традиционалните новогодишни прослави во Рим годинава се специфични по тоа што ја одбележуваат јубилејната година на Католичката црква, прослава која се одржува еднаш во четвртина век и се очекува оваа година во Рим да донесе околу 32 милиони аџии.

Папата Франциско во вторникот отслужи вечерна миса во базиликата Свети Петар во Рим.

Во Париз Новата година беше пречекана со традиционално одбројување и огномет на Шанзелизе.

Новата година во Лондон се слави со воден топ покрај реката Темза.

Сепак, поради невремето, официјалниот дочек во Единбург, Шкотска беше откажан.

Исто така, поради невремето, во Холандија е откажан новогодишниот огномет, како и традиционалното капење во морето на плажата во Шевенинген, каде повеќе од шест децении секоја година се капат 10.000 луѓе.

Во Швајцарија луѓето традиционално за Нова година влегуваа во водата на ниски температури.

Во Бразил главната новогодишна ноќ беше на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, со огномет кој траеше 12 минути.

Се очекуваше бројот на луѓе кои ја дочекаа Новата година во Копакабана да надмине два милиони, од кои повеќето беа традиционално облечени во бело.

Повеќето европски земји ја дочекаа Новата година со огномет на главните плоштади.

Претходно, 2025 година беше пречекана во поголемиот дел од Русија, Турција, Иран, Сирија.

Новата година пристигна порано во Мадагаскар, во близина на источниот брег на Африка, каде граѓаните славеа со танц и музика.

Етиопија, Сирија, Белорусија, Обединетите Арапски Емирати, Ерменија, Азербејџан и жителите на Антарктикот исто така ја дочекаа 2025 година пред Европа и САД.

Граѓаните ширум источна и југоисточна Азија, вклучително и Индија, Кина, Филипините и Малезија, Хонг Конг и Сингапур, ја дочекаа Новата година уште порано со огномет и дронови.

Прославите се намалени или откажани во Јужна Кореја по авионската несреќа во Муан во неделата во која загинаа 179 луѓе.

Претходно, Новата 2025 година пристигна во Австралија, а во пристаништето во Сиднеј беше пречекана со традиционален огномет.

Два часа пред тоа Нов Зеланд ја дочека Новата година, која беше пречекана во Окленд со огномет, со кој им оддадоа почит на домородните племиња.

Новата година во светот први ја дочекаа жителите на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан.

Последните населени места каде ќе биде дочекана 2025 година ќе бидат островите Нижуе и Американска Самоа, кои се наоѓаат југозападно од Кирибати во јужниот дел на Пацификот, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК
Следна Статија На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп која држи биткоин беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон.…

September 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани

Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија. Локалните медиуми…

October 3, 2024
СВЕТ

Светот постигна нов климатски договор – 300 милијарди годишно за посиромашните земји за да се справат со климатските катастрофи

Светот се согласи на нов климатски договор на COP29 во Баку, Азербејџан, во саботата, при што богатите земји се обврзаа…

November 24, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Масовно пукање во САД: Тројца загинати, 14 повредени

Три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање што се случи денеска во американската држава Ново Мексико, соопштија…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?