Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот, но не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот, но не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот, но не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија

Објавено November 27, 2024 15:24
Сподели
Сподели

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија, рече Кос.

Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.

-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.

На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот.

– Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован
Следна Статија Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон. Првпат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кичево поставен автомат за млеко од фармата на манастирот „Света Богородица – Пречиста“

Новопоставениот млекомат во Кичево е најновата можност за кичевци да се снабдат со свежо кравјо млеко од фармата на манастирот…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише балансерот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?