Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oваа габа вирее само во Чернобил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Oваа габа вирее само во Чернобил
ЗАБАВА

Oваа габа вирее само во Чернобил

Објавено July 6, 2026 14:57
Сподели
Сподели

И 40 години по катастрофално разорната нуклеарна експлозија, Чернобил и Чернобилска Област сѐ уште се забранети за луѓе кои не се научници или стручно подготвени за престој во тоа нуклеарно загадено и опасно подрачје. Но, тоа не значи дека условите во оваа област во северна Украина се неповолни за други облици на живот.

По експлозијата на „Реакторот 4“ во Нуклеарната централа Чернобил на 26 април 1986., други организми се населиле во ова подрачје, се прилагодиле и виреат, меѓу другото – поради отсуството на луѓе, велат научниците. Од друга страна, пак, за некои организми, јонизирачкото зрачење во заштитнјиот саркофаг што го опкружува реакторот – може да биде предност. На внатрешните ѕидови на саркофагот, којшто е едно од најрадиоактивните тела на планетата Земја, научниците откриле црна габа што успева да преживее во овие услови. Оваа габа се нарекува „Кладоспориум сфероспермум (Cladosporium sphaerospermum)“. Иако научниците утврдиле дека оваа габа вирее и се развива во присуство на јонизирачко зрачење, сè уште не е јасно утврден точниот начин на којшто се случува сѐ ова, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Јонизирачко зрачење се честичките што ги исфрлаат електроните од атомот коишто се претвораат во јони.

Темниот пигмент на габата – меланинот ѝ овозможува да го искористи јонизирачкото зрачење преку процес сличен на фотосинтезата кај растенијата. Овој научно претпоставен механизам се нарекува радиосинтеза. И засега, се работи само за теорија што е тешко да се докаже.

Истражувањето почна кон крајот на 90-тите, кога тим предводен од микробиологот Нели Жданова од Украинската национална академија на науките иницираше проучување на Чернобилската Област заради утврдување на списокот организми кои би можеле да преживеат таму.

Така, научниците открија збир од 37 видови габи. Повеќето од овие организми се темни или целосно црни по боја поради високото ниво на меланин. „Кладоспориум сфероспермум“, патем, е најзастапен во примероците и покажа највисоки нивоа на радиоактивна контаминација. Радиофармакологот Екатерина Дадачова и имунологот Артуро Касадевал од Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ во САД предводеа тим кој откри дека изложеноста на јонизирачко зрачење не ѝ штети на габата.

Јонизацијата ги разбива молекулите, ги нарушува биохемиските процеси и така ја оштетува ДНК. Ова е штетно за луѓето, иако зрачењето се користи во медицината за уништување на клетките на ракот, коишто се чувствителни на овие ефекти. Црната габа, сепак, се покажа како отпорна на тоа разорно дејство и напротив – кога е изложена на зрачење, таа расте побрзо. Експериментите покажаа дека јонизирачкото зрачење го менува однесувањето на габичниот меланин, што бараше и натамошно истражување.

Во подоцнежен свој научен труд, Дадачова и Касадевал први го предложија биолошкиот процес радиосинтеза. Според оваа хипотеза, габата го претвора јонизирачкото зрачење во енергија, при што меланинот има функција слична на хлорофилот, а истовремено служи и како заштита. Оваа претпоставка е делумно поткрепена со наоди од 2022 година. Потоа, научниците ја поставија габата на надворешната страна од Меѓународната вселенска станица (МВС), каде што беше изложена на космичко зрачење.

Испитувањата покажаа дека помалку зрачење продирало во печурките отколку во контролниот примерок што содржел само агар („желатинска“ подлога од алги). Целта на научното истражување била да се тестира потенцијалот на печурката како штит од зрачење во вселенски мисии, а не да се докаже радиосинтезата.

Научниците сè уште немаат цврсти докази дека оваа печурка го претвора зрачењето во храна. Тим предводен од инженерот Нилс Авереш од Универзитетот Стенфорд велат дека вистинската радиосинтеза, како и фиксацијата на неоргански јаглерод под влијание на јонизирачко зрачење, сè уште не е докажана.

Црниот квасец „Вангиела дерматитидис (Wangiella dermatitidis)“, исто така, расте побрзо под влијание на јонизирачко зрачење. Но, погоре спомнатиот „Кладоспориум сфероспермум“, иако го зголемува лачењето меланин, не расте побрзо кога е изложен на гама-зраци или УВ-зрачење. Ова значи дека својствата на оваа габа не се заеднички за сите габи што содржат меланин. Сè уште не е јасно ниту дали станува збор за адаптација што ѝ овозможува на габата да користи зрачење како извор на енергија или тоа е само одбранбена реакција којашто ѝ помага да преживее во екстремни услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крадци во Грција користат спреј за зашеметување во апартмантите на туристите
Следна Статија За српскиот јазик кој го говорат 43 посто од жителите во Црна Гора нема влез во Уставот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да…

July 12, 2026
ЗАБАВА

Србите ги коментираат чевлите на Вучиќ од 930 евра: „Ги купи сите бои, за сите села“

Александар Вучиќ повторно е главна тема на Икс поради неговите чевли. Неодамна Србите ги коментираа патиките што ги носеше претседателот…

March 4, 2025
ЗАБАВА

Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ претепана во Белград

Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д.. Како што…

November 26, 2024
ЗАБАВА

Речиси 330.000 луѓе потпишаа петиција за затворање на Инстаграмот на Јелена Карлеуша

Откако српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?