Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oпределeни мерки за претпазливост за шест полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Oпределeни мерки за претпазливост за шест полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
ХРОНИКА

Oпределeни мерки за претпазливост за шест полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Објавено April 16, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против шест полициски службеници, од вкупно седум осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани.

Осомничените полициски службеници денеска по предлог на јавниот обвинител беа изведени пред судија на претходна постапка, по што, како што информираат од Кривичен, им се изречени мерки за одземање на патните исправи, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети и осомничени, како и забрана за преземање одредени работни активности.

Обвинителството денеска отвори истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани, од кои за седуммина предложи определување мерки за претпазливост, додека останатите тројца осомничени, како што информираа од Обвинителство, обезбедени се со претходната постапка.

Од Републичкото јавно обвинителство велат дека во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 7 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.

Осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во тој временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.

Десетте полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија
Следна Статија Пирло му ги блокирал картичките на синот затоа што се обложувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Волково – кираџија го убил газдата, па се самоубил

Крвава драма се случила утрово во скопско Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел,…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Возач од кочанско фатен со 2,25 промили алкохол во крвта

Дваесет и осумгодишен жител на кочанското село Спанчево управувал со возило под дејство на алкохол. Според надлежните од СВР Штип…

June 6, 2025
ХРОНИКА

СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице

На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР…

November 17, 2024
ХРОНИКА

Акциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска (19/20.07.2025) во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?