Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга
МАКЕДОНИЈА

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга

Објавено July 8, 2025 17:15
Сподели
Сподели

 Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани на взаемна доверба, почит и посветеност за реализирање на стратешките цели на двете држави во рамки на процесот на евроинтеграција. Тоа го истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на отворањето на Генерален конзулат на Албанија во Струга со албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. На настанот присуствуваа и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, заменик министерот за правда Ален Деребан, пратеници…

Отворањето на Генералниот конзулат во градот на поезијата, според Муцунски, нема да претставува само институционално присуство, туку ќе биде и силен мост на комуникација меѓу, како што рече, две пријателски и соседни држави и симбол на блискост, заемно разбирање и соработка.

– Генералниот конзулат ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји, што е особено значајно за луѓето кои секојдневно се движат преку границите поради семејни врски, бизнис, транзитирање или туризам. Тоа, пак, ќе придонесе за засилен економски и туристички развој, како и поголема културна размена. Отворањето на овој Конзулат е уште една вредна алка во богатата мозаична слика на одличните односи кои ги негуваме веќе подолг временски период, нагласи Муцунски.

Отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга, за албанскиот министер Хасани, не е само дипломатски потег, туку, нагласи, конкретен знак за посветеноста да бидат поблиску до нивните граѓани, да ги зајакнат врските помеѓу двете земји и да ја продлабочуваат соработката во регионот што бара стабилност, развој и економска иднина.

– Во време кога движењето на нашите граѓани се зголеми значително како заради туризмот, така и заради сезонски и економски ангажмани, потребите за конзулски услуги стануваат се повеќе итни. Овој Конзулат нема да биде само канцеларија за документи, туку функционален мост меѓу државата Албанија и нејзините граѓани, просторија што ги приближува услугите и ја потврдува институционалната грижа, рече Хасани.

Конзулатот, посочи, ќе се прошири и за Охрид, Битола, Кичево, Дебар, Ресен и други региони, со цел полесен пристап кон услугите и поврзаноста на албанските заедници со својата матична држава.

Претходно, министрите Муцунски и Хасани имаа тет-а-тет средба во Охрид, во чиј фокус, како што соопшти МНР, биле унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И нискобуџетните летови не се веќе евтини: Значително поскапување на летовите од Германија
Следна Статија Ја допирал по телото, и ветувал пари да не кажува на родителите: Дедо од Гостивар извршил обљуба врз 12-годишно девојче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посипани повеќе од 100 камиони песок и 1.000 тони вода за локализирање на пожарот во Трубарево

По голема активност во текот на денот и целата ноќ, можам да кажам дека успеавме во најголем дел да го…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најнови неофицијални резултати: Солидно водство на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Аеродром, Карпош, Кочани, Чучер Сандево, Дојран, Виница…

Најнови неофицијални резултати од општините: Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ 58.820 Левица 33.714 Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 12135 СДСМ 6683 Карпош ВМРО-ДПМНЕ 9925 Стевче…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?