Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од први септември ќе се возиме со Градски воз“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од први септември ќе се возиме со Градски воз“
МАКЕДОНИЈА

Од први септември ќе се возиме со Градски воз“

Објавено April 5, 2026 18:29
Сподели
Сподели

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава. Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати  рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една година, односно дека трите линии ќе бидат функционални на крајот на 2027 година.

-Задоволство е да се види дека проектот добро напредува. Динамиката е добра. Ние минатата година кога го започнавме овој проект ветивме дека првата линија ќе биде завршена до јуни и тоа ќе биде остварено. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста да се завршуваат проектите во предвиден рок и како што гледате, проектите кои што оваа Влада ги почнува завршуваат во предвидениот рок и се движат со добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи навистина да се испорача она што се ветува, рече при увидот во градежните работи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

До денес, додаде тој, прогресот на првата линија која што оди од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 проценти, што е согласно динамичкиот план.

-Очекуваме до јуни таа да биде завршена. Потоа следува еден период на тестирање и нашата цел е, а таа цел ќе ја постигнеме, на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето, рече вицепремиерот Николоски.

Според него, за таа цел со Железница Транспорт интензивно работат на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, за тоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа е проект кој што го работиме исто така интензивно, паралелно со овој инфраструктурен проект.

-Првичниот план за „Градски воз“ беше да оди во три фази, односно по завршување на оваа фаза да оди фазата која што оди од Нова железничка, преку Маџари до Илинден и потоа третата фаза која што оди од Нова железничка преку Бутел, Скопје Север, Волково, Ѓорче Петров и завршува во Сарај. Имајќи предвид дека ЈП Железници инфраструктура доста напредува со проектирањето и работат побрзо од што беше планирано и очекувано, очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик, односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалце една година, односно на крајот на 2027 веќе ќе ги имаме трите линии функционални, што во добра соработка со јавното сообраќајно претпријатие ќе значи едно целосно растоварување на сообраќајот во градот, потенцира Николоски.

 

Ако кон тоа ќе се надополни и проектот БРТ, смета министерот Николоски, се надева дека во 2029 година ќе имаме целосно нова состојба со градскиот превоз.

Идејата е „Градскиот воз“ да сообраќа на еден час со исклучок на доцните вечерни часови.

-Возниот ред ќе го усогласиме заедно со ЈСП, со цел да можат автобусите на ЈСП да ги преземаат патниците од станиците, но идејата е на секој час да има линија на градскиот воз, што е најчесто стандард во најголемите европски градови. За цена за билет ќе разговараме, но моја цел е ова е, еве се оградувам, моја цел е да не биде повисока од цената која што сега ја има ЈСП Скопје за најодалечените дестинации. Но, уште ќе разговараме и ќе излеземе со финална цена, но секако ќе е доста, доста прилагодена на животниот стандард на граѓаните, истакна Николоски.

 

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, вели дека работите на првата делница во должина од 25 километри се одвиваат согласно предвидените рокови и затоа, верува, оти таа ќе биде завршена навреме како што е планирано, во јуни.

-Очекуваме до крајот на мај, некаде во јуни сите градежни работи поврзани со оваа делница да бидат завршени. Се работи на замена на дотраени дрвени прагови коишто некаде датираат од 1959 година, некаде од 1965 или 1969 година и беа во незавидна состојба. Во овој момент тие се заменуваат со бетонски прагови коишто беа залихи од претпријатието од пред една или две декади. Пртитоа, со нивното искористување на оваа делница ќе постигнеме возење до проектирана брзина некаде и до 80-90 километри на час, за разлика од сега кога се вози со 20 до 30 километри на час, рече Ивановски.

Тој додаде дека се работи и на модернизација на патните премини, особено Драчево каде има три патни премини кои постојано се пробле. Тие некаде до летото треба да бидат целосно заменети со нови и со тоа безбедноста но и ефикансоста на оваа делница на „Градскиот воз“ да биде подобрени.

 

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски истакна оти ова било ветување дадено пред лчокалните избори и е задоволен од брзата динамика на неговата реализација.

-Ова што што ќе значи нова алтернатива за градот Скопје и алтернативен начин за граѓаните од овој дел на Скопје побрзо да стасуваат до Транспортниот центар. Јас искрено на почетокот сметав дека проектот е можеби преамбициозен, но по тоа како  се одвиваат настаните на терен, а јас внимателно ја следам оваа динамика, можам да кажам дека таа е импресивна, исто како и пристапот со кој што се работи цел овој процес. Многу ми е драго што на почетокот на септември ќе биде обезбедена  и ставена во функција линијата Зелениково – Транспортен центар Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Се надева дека со иста таква динамика ќе се реализираат и останатите две фали две фази, што, како што рече, значително ќе го олесни јавниот превоз во Градот.

Ѓорѓиевски додаде дека паралелно на цел овој процес во тек е набавка за нови автобуси, и оти наместо 80 за градот Скопје ќе бидат набавени нови 100  автобуси. Како дополнително и значително унапредување, според него, е и најавената реализација на БРТ транспортот, за кој како што рече наскоро ќе бидат објавени целосно и прецизни детал

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
Следна Статија РК Охрид по стапките на Алкалоид, против Целје за финале во Европскиот куп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација на Безбедносната конференција во Минхен се очекува за време на форумот да…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот

Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот, сподели утрово…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Училиштата околу Трубарево една недела ќе одржуваат он-лајн настава

Министерот за здравство, Азир Алиу рече дека министерството испратило препораки до министерството за здравство, за одржување на он-лајн настава од…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?