Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавени се нови слики од водачот на кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Објавени се нови слики од водачот на кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа
БАЛКАН

Објавени се нови слики од водачот на кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Објавено November 14, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Црногорецот Радоје Звицер, водачот на озлогласениот кавачки клан, вчера се појави на листата на најбарани бегалци во Европа, откако Австрија распиша потерница по него.

На страницата eumostwanted.eu беше објавено дека Звицер се бара за шверц на дрога и психоактивни супстанци. Има и предупредување дека се работи за многу опасно лице кое најверојатно е вооружено.

„Радоје Звицер е осомничен дека како водечки член на криминална организација увезол 83 килограми кокаин (чистота 60,9%) од други земји во Австрија. Се сомнева дека заедно со соработниците учествувал во организирањето на шверцерскиот синџир. Ова лице ја организирал доставата на наркотици кои се продавале во Виена на негово име“, се вели во потерницата.

Заедно со неколку различни фотографии, наведен е описот на Звицер, кој наведува дека е мускулест белец со атлетска градба, сини очи и кафена коса. Исто така, беше прецизирано дека на горниот дел од телото има неколку хируршки лузни, од рани предизвикани од огнено оружје.

Објавени се и познатите лажни идентитети на Звицер кои ги користел. Тоа се Јосип Бабиќ роден на 06.02.1979 година во Германија, Драган Гојковиќ роден на 08.09.1977 година во Беране, Црна Гора, Давид Грепо, роден на 02.03.1983 година и Ференц Кароли, роден на 31 март 1975 година.

Звицер е водач на кавачката криминална организирана група, која од 2014 година војува со шкаљарскиот. Конфликтот и поделбата настанала поради пратка кокаин која исчезнала од стан во Валенсија, а од тогаш во војната меѓу овие два клана загинале повеќе од 60 луѓе, пишува Блиц.

Звицер беше застрелан пред четири години сред бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајцата вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле. Напаѓачите во нивниот план ги спречила сопругата на Звицер, Тамара, која истрчала од станот и пукала во нив.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
Следна Статија Од Лондон до Њујорк со ракетата на Маск за само 30 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дијана Хрка продолжува да штрајкува со глад: „Вучиќ, нема да ти простам“

Мајката на Стефан Хрка, Дијана Хрка го продолжува штрајкот со глад. Нејзиниот син почина при падот на натстрешницата во Нови…

November 9, 2025
БАЛКАН

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Албанското Министерство за внатрешни работи од денес ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ…

October 13, 2025
БАЛКАН

Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег

Банкомати кои не се во сопственост на ниту една реномирана банка и кои наплаќаат високи провизии за подигнување пари никнуваат…

June 16, 2025
БАЛКАН

Ништо не е спонтано: „Блокадна кухарица“ е насловот на хрватската книга по која протестираат студентите во Белград

упатствата од хрватската кница „Блокадна кухарица“, откри денеска претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ. Стратешки интерес на Хрватска е рушење на…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?