Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителката Јосифовска: Сите наводи на обвинетиот Палевски се неосновани, чудно е како тој ги има записниците за испитување од осомничените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителката Јосифовска: Сите наводи на обвинетиот Палевски се неосновани, чудно е како тој ги има записниците за испитување од осомничените
ХРОНИКА

Обвинителката Јосифовска: Сите наводи на обвинетиот Палевски се неосновани, чудно е како тој ги има записниците за испитување од осомничените

Објавено January 27, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Обвинителката Жаклина Јосифовска, по денешното рочиште објасни дека обвинетиот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо го користи моментот да ги изнесе сите свои наводи кои што му одат во негова одбрана. Но, таа убедува дека имаат доволно цврсти докази против Палевски, кој е првоосомничен во овој предмет.

Прашана во однос на наводите во барањето за изземање дека обвинетиот Боре Видевски поседувал оружје, Крстевска рече дека обвинителството ги има обезбедено сите докази и истите се приложени во листата на докази.

– Сите дејствија се преземени од страна на обвинителството, изјави таа.

Таа вели дека наскоро јавноста ќе слушне кои дејствија ги преземал Палевски.

-Доказите се приложени во списите од предметот и очигледно е дека со презентирањето на видео записите се доближуваме до делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија конкретно ги преземал обвинетиот Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметните настани, изјави Крстевска, одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје.

Во однос на изјавата од бранителот на Палевски, дека останатите обвинети преговарале со обвинителство, Крстевска рече дека ниту еден бранител не разговарал со обвинителството надвор од преземањето на службените дејствија.

– Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има записниците за испитување од осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за обвинителството, а не се доставени ниту на увид, ниту на одбраната примерок, па многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста, изјави Крстевска.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците
Следна Статија Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Почина хирургот и професор Владо Јаневски, сопругот на министерката Весна Јаневска

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование…

February 28, 2026
ХРОНИКА

Малолетник на „Партизанска“ со нож избоде 17-годишно момче по расправија

16-годишен малолетник заработи кривична пријава откако на булеварот Партизански одреди во Скопје со нож прободел 17-годишно момче. Инцидентот се случил…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Три години од трагичната несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија

На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“.…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?