Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден кај Црна Река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден кај Црна Река
ХРОНИКА

Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден кај Црна Река

Објавено December 21, 2024 10:45
Сподели
Сподели

Професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје е лицето кое на 16 декември беше пронајдено починато во автомобил во водите на Црна Река.

Од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска информираат дека преземаат повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец.

Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

-Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација, велат од Обвинителството.

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Д-р Кожухаров беше познат економист, доктор на финансиски, сметководствен и трошочен менаџмент, професор од областите на микро и мезоекономските дисцилини, работеше и на менаџирање на факултетските активности, научно-истражувачка работа, организација на научни конференции, автор на повеќе стручни дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
Следна Статија Денеска е најкраткиот ден во 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж и жена нападнале рибочувачка на Тиквешко езеро

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници, соопштија претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. - Вчера во…

November 15, 2025
ХРОНИКА

Велешанец пријавен за исчезнат пронајден починат

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77)…

January 5, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Од водите на Вардар кај Рашче извлечено телото и на четвртата жртва

Со извлекување на телото на 56 – годишниот маж од водите на Вардар заврши дводневната акција на спасувачите. Претходно синоќа…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Баба во банка уплатила 100 фалсификувани евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(71) од Охрид поради постоење основи за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 05.06.2024…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?