Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството со детали за возачот кој ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, Судот го упатил во поправен дом
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството со детали за возачот кој ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, Судот го упатил во поправен дом
ХРОНИКА

Обвинителството со детали за возачот кој ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, Судот го упатил во поправен дом

Објавено January 31, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“.

„Против лицето МВР поднело кривична пријава на 30.03.2024 година за член 215 од Кривичниот законик. Уште истиот ден јавен обвинител донел Наредба за поведување истражна постапка против осомничениот и предлог за притвор, за што обвинителството тогаш веднаш ја извести јавноста.

Осомничениот станал достапен на органите на прогонот од 02.04.2024 година и веднаш започнал да ја издржува мерката притвор.

Истрагата е завршена за помалку од 2 месеци и на 21.05.2024 година јавниот обвинител поднесе обвинителен акт при што побарал и продолжување на мерката притвор. И тој предлог е прифатен и на лицето му е продолжен притворот се до 31.07.2024 година кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда – решение со кое го огласи за виновен и му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укина притворската мерка.

На 30.09.2024 година јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложи жалба и предметот се уште е во жалбена постапка. Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена со оглед на тоа дека не е изречена казна туку воспитна мерка.

Против истото лице до обвинителството е поднесена само уште една пријава на 01.02.2023 година за кривично дело од член 297 за сообраќајна незгода случена на 04.11.2022 година во која едно лице се здобило со полесни повреди. Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење согласно чл.43 од ЗКП, а осомничениот се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на Буџетот на РСМ.

Освен ова МВР повело и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави за лицето не се поднесени во јавното обвинителство“, се додава во соопштението на Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Скорпија – петок, 31 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Стрелец – петок, 31 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија попладнево во Скопје: Возач почина зад воланот

Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Полицијата…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник

Четириесет и шестгодишен кавадарчанец е осуден на една година затвор затоа што со автомобил удрил во полициски службеник кој сакал…

December 27, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници…

December 2, 2025
ХРОНИКА

Со огнено оружје пукано кон куќа во Ѓорче Петров

На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?