Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново
МАКЕДОНИЈА

Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново

Објавено January 8, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново во должина од 25 километри, со што, како што посочи, ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на државата. На 17-ти месецов се очекува да биде пуштена и првата делница од пругата кон Бугарија.

– По тој експресен пат ќе се движат возилата со брзина од 130 километри на час. Има мало слечиште кое очекувам да биде санирано и пуштањето да биде на 14-ти овој месец, поточно, за шест дена од денес со што драматично ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на Македонија, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на општина Штип.

Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен

На 17 јануари се очекува да биде пуштена и првата делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

– Течат инфраструктурните активности на Коридорот 8 и 10 Д. Очекувам, пред да почне туристичката сезона, во втората половина на мај и првата половина на јуни, да ја пуштиме делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај местото Ботун. Тука има мало слечиште, кое што треба да се санира, и до крајот на 2026 година да го пуштиме целиот потег на автопатот Кичево – Охрид. Очекувам да биде распишан тендерот Букојчани – Кичево, со што и тука би се поврзале овие два коридора. Очекувам после адаптацијата, конечно да имаме успешно наддавање Блаце – Скопје и проектирање на тунелот Тетово – Призрен. Исто така, очекувам да биде завршено и проектирањето Куманово – Страцин, како и обиколница Битола – граничен премин Меџитлија. Ова се проекти кои се во процес на проектирање или во процес на изградба и завршување, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл
Следна Статија Хорор во центарот на Белград: Пронајден фетус во кутија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На огласот за Програмскиот совет на МРТ пријавени 37 кандидати

Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме и ќе испратиме порака дека времето на Македонија доаѓа

Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме заедно и ќе испратиме порака времето на Македонија доаѓа, објави премиерот Мицкоски на…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини

Координирани вонредни контроли на општинските инспектори во сите единици на локална самоуправа по страотната несреќа во Кочани, најавува претседателот на…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

По добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица вработени во Зоо Скопје се негативни за птичји грип. Ова попладнево го…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?