Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри
МАКЕДОНИЈА

Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри

Објавено October 8, 2024 17:08
Сподели
Сподели

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.

На седницата на оваа Комисија ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.

ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска Методологија, прибраните ревизорски докази, стекнале уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Проценките од извршената анализа на ангажираниот експерт на ДЗР покажуваат дека во периодот 2013-2021 година од државата просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу 5 милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари. Се подочува дека одливот на високообразованите кадри ја чини државата 0,8 проценти од годишниот БДП.

-Вкупниот ефект на опортунитетниот трошок во однос на изгубен БДП кој не е генериран заради годишната емиграција на вкупното население од државата се проценува на 5,15 проценти од БДП на годишно ниво. Доколку на ова се додаде реално изгубената инвестиција во образование во овие кадри која во просек изнесува 3,19 проценти годишно од БДП, вкупниот негативен економски ефект рефлектира вкупна загуба од 8,34 проценти од БДП на годишно ниво, се вели во извештајот.

Од Ревизија потенцираат дека по истекувањето на периодот на важност на Националната Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020 година не е усвоен нов стратешки документ кој го опфаќа проблемот поврзан со одлив на мозоци односно сеопфатна стратегија за економската миграција, со мерки и активности поврзани со намалувањето на одливот на високообразован кадар, со што би се намалиле и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност.

-Мерките од Стратегијата не се целосно имплементирани. Не е воспоставен функционален систем за следење у управување со интелектуалната емиграција и сеопфатна база на податоци за емиграцијата од државата. Недостигаат анализи за реално креирање на уписната политика, насочена кон усогласување на понудата и побарувачката, а воспоставениот начин на студирање на втор и трет циклус на студии во странство не обезбедува ефикасна искористеност на исплатените средства и придобивки за државата. Мониторинг на имплементацијата на мерките и активностите од Стратегијата не е воспоставен, ниту е извршена оцена на ефектите од имплементацијата на мерките, посочуваат од Државен завод за ревизија.

Од ДЗР препорачуваат јавните универзитети и факултети да ја разгледаат можноста за подобрување на функционалноста на Центрите за кариера преку издвојување на финансиски средства за спроведување на предвидените активности, со цел поврзување на приватниот сектор и студентите.

-Во координација со надлежните органи и високообразованите установи да преземе активности за продолжување на отпочнатите активности за развој и функционирање на Опсерваторија за вештини. Да преземе активности за изготвување на Програми за препознавање и негување на талентите. Да донесе Програма за инвестиции во инфраструктура за научно истражувачка работа. Да воспостави Електронски регистар на истражувачи во земјата и во странство (nauka.mk) и да донесе Правилник за формата, содржината и начинот на водењето на регистарот, се вели во Извештајот на ДЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации
Следна Статија Oфицијално: ФК Вардар има нов сопственик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Десковски: Ако на поранешниот шеф на дипломатијата не му било јасно што потпишува тогаш е комплетен идиот

Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност

Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата,…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем ги повикувам да се пријават

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?