Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика
МАКЕДОНИЈА

Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика

Објавено December 4, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски, извести МОН.

И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата. Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители.

Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем, велат од МОН.

Подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука, се додава во соопштението на МОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет
Следна Статија Тошковски за „интерпелацијата“ на ДУИ: Низок обид за манипулација на јавноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во црквата Свети Спас не се сите коски од Гоце Делчев!

Ќе започнам со една уникатна снимка, која за прв пат ќе биде покажана. Станува збор за коските на Гоце Делчев,…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?