Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од Лондон до Њујорк со ракетата на Маск за само 30 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Од Лондон до Њујорк со ракетата на Маск за само 30 минути
Blog

Од Лондон до Њујорк со ракетата на Маск за само 30 минути

Објавено November 14, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Сопственикот на платформата Х, Илон Маск, ја коментираше објавата на еден корисник, во која стави до знаење како би можел да изгледа превозот до далечни дестинации во иднина.

Пред седум години компанијата SpaceX, чиј основач е Маск, објави видео во кое се покажа како може да изгледа транспортот на иднината и како може да се стигне до кој било дел од нашата планета за помалку од еден час. Од Њујорк до Шангај би биле потребни само 39 минути (патување кое вообичаено трае околу 15 часа), додека лет од „Големото јаболко“ до Лондон би траел помалку од половина час.

Under Trump's FAA, @SpaceX could even get Starship Earth to Earth approved in a few years — Taking people from any city to any other city on Earth in under one hour. pic.twitter.com/vgYAzg8oaB

— ALEX (@ajtourville) November 6, 2024

О-ва сега е возможно, напиша Маск на платформата X, одговарајќи на коментар за вселенските летови на корисниците на таа платформа.

Еден корисник напишал дека, под Трамп, Федералната управа за цивилни летови може за неколку години да му даде дозвола на SpaceX за летови на Starship кои ќе ги поврзуваат градовите на планетата за помалку од еден час. Така, наместо повеќечасовни летови, ракетата ќе стигне до посакуваната дестинација оддалечена илјадници километри за помалку од 60 минути или за помалку од половина час.

Можеме да видиме како е тоа замислено во видеото на Space X. Патниците прво се качуваат на брод кој ги транспортира до лансирната рампа на која се наоѓа Starship, најголемата ракета некогаш направена. Во Starship треба да има место за околу илјада патници, а по лансирањето и краткиот лет, ракетата треба да слета на посебна платформа.

Деталите за ваквите летови се уште не се познати, а она што се знае е дека цената нема да биде за секого, а за очекување е летовите да не бидат најудобни.

За време на ваквите летови, претходно изјави Маск, нема да може да се оди во тоалет, ниту пак да се служи храна, но смета дека тоа нема да биде проблем поради нивното кратко траење.

Иако Маск вели дека такво нешто е веќе возможно, се претпоставува дека ќе помине многу време додека ваквите ракетни транспортни возила можат да станат широко достапни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавени се нови слики од водачот на кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа
Следна Статија Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите…

July 14, 2025
Blog

(ВИДЕО) Бил Гејтс: На децата ќе им оставам 1% од богатството, сакам сами да се изборат

Иако е еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс не планира своето богатство да го пренесе на своите деца.…

April 7, 2025
Blog

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство не е доволно развиен и ефикасен

Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано…

August 21, 2025
Blog

Како до пари: Илон Маск во 4 чекори ќе ве посоветува како да се стане експерт- мудри совети

Проширувањето на разбирањето за различни области може да биде корисно лично и професионално. Илон Маск постојано учи и ги применува…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?