Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија
ХРОНИКА

Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија

Објавено December 25, 2024 20:40
Сподели
Сподели

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.

Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.

Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е човекот кој личи на принцот Хари на кралскиот божиќен концерт? Сличноста е неверојатна
Следна Статија Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во скопска судница: Почина сведок

Трагичен случај вчера во Граѓански суд во Скопје. Како што соопштија денеска од полицијата, маж кој бил сведок на судење…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Возило заглави во подвозник во Тетово, поради надојдена вода од пороен дожд

“Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај…

October 26, 2025
ХРОНИКА

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки…

December 20, 2024
ХРОНИКА

Мајкино око, кој ќе гушнам место тебе: Младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?