Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
ХРОНИКА

OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска

Објавено July 12, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

– Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, стои во соопштението од Јавното обвинителство. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
Следна Статија Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се огласи стручниот колегиум од „Козле“ за смртта на детето: Лекарите преземале се што е потребно

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете. -Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Уапсен Германец во Скопје

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода…

August 6, 2025
ХРОНИКА

Одредени 30 дена притвор за насилник од Гостивар, нападнал и силувал жена

Основниот суд Гостивар денеска му одредил мерка притвор на гостиварец, кој со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Прилепчанец пронајден мртов во камп приколка

На 23.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во камп приколка во атар на с.Беловодоица, прилепско, бил пронајден починат С.Д.(57)…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?