Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време
ЗДРАВЈЕ

Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време

Објавено December 6, 2024 15:06
Сподели
Сподели

На околу илјада лица кои работат со договор на дело на клиниките и во јавните здравствени установи ќе треба да им биде трансфериран работниот однос на неопределено време. Министерот за здравство Арбен Таравари очекува процедурата да заврши до Нова година затоа што веќе има усогласен став во Владата за ова прашање.

За околу илјада лица кои работат со договор на дело на клиниките и во јавните здравствени установи, некои повеќе од пет или десет години, имаме усогласеност во Владата и испратено е барање од Министерството за здравство до Министерството за финансии за да ни ги одобрат вработувањата. Се надевам до крајот на идната недела да добиеме позитивен одговор и да им дадеме наредба на сите јавни здравствени установи, лицата со договор на дело, генерално шофери, хигиеничари, болничари, медицински сестри и лаборанти да добијат решение. Се надевам дека целиот процес ќе заврши пред Нова година, изјави денеска Таравари.

Според проценките на Министерството, во јавните здравствени установи има помалку од 2 000 лица кои работат со договор на дело. За другите на кои сега нема да им биде трансфериран работниот однос, министерот најави дека ќе се ангажира да се им реши статусот следната година.

Во однос на скратениот буџет за Програмата за ХИВ за што денеска мирно протестираа од Платформата за ХИВ, министерот рече дека буџетот е скратен делумно, но не до толку за да има протести.

Отворени сме за разговор. Тоа се парите што ги имаме во моментот, тоа се состојбите што ги наследивме, немаме магично стапче, мора рационално да работиме, рече Таравари.

Платформата за ХИВ денеска од пред Владата побара враќање на неопходниот буџет од 130 милиони денари од кои 109 милиони се за лекови и 21 милион за услугите за превенција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември
Следна Статија Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно…

March 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје

Нов апарат за магнетна резонанца денеска беше промовиран во поликлиниката Идадија која е дел од Здравствениот дом Скопје. Aпаратот е…

October 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат

Честопати се зборува за предностите на витаминските суплементи како важен чувари на здравјето. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека витамините во облик…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?