Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
СПОРТ

Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес

Објавено December 24, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев одржаа денеска состанок во „Куќата на фудбалот“ со селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

На средбата, како што соопшти ФФМ, соговорниците „отворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Пандев, како спортски директор на националните селекции и селекторот Милевски“.

„Имавме отворен и пред сè искрен разговор. Претседателот на Федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација“, изјави Милевски.

Пандев, кој во неделата беше назначен за спортски директор на националните селекции, изрази задоволство од своја страна од отворениот разговор „за тоа што може да биде подобро во иднина и заедничкиот стремеж да одиме напред кон нови победи“.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, истакна по средбата Пандев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ
Следна Статија Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Албанското ВМРО-ДПМНЕ ќе организира курсеви по кошарка за македонските деца

Македонското  здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се…

June 19, 2026
СПОРТ

Легендата Имобиле се враќа во Италија

Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се согласи на меѓусебен раскин на договорот со турскиот…

July 4, 2025
СПОРТ

Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

На Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија воопшто нема да има продажба на алкохол, потврди амбасадорот…

February 12, 2025
СПОРТ

Давам два Роналдо за еден Меси: Размена на сликички во Градскиот парк

Имам Роналдо,немам Винисус. Давам две од Мексико за еден од Босна.Вакви муабети се слушаа денеска во Градскиот парк каде се…

June 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?