Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции
СПОРТ

Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции

Објавено December 31, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Масар Омерагиќ ја презема најважната фудаблска функција во нашата земја, откако на Вонредното изборно собрание доби акламација за нов претседател на ФФМ.

Поранешниот фудбалер кој воедно е и успешен бизнисмен реши да се врати на спортската сцена во улогата на прв човек на Фудбалската Федерација, а откако во првите обраќање најави дека ќе работи чесно, транспарантно и отворено во јавноста, сега одлучи да направи и едно предновогодишно интервју во кое одговараше на различни новинарски прашања.

Фудбалската Федерација достави цело видео од одработеното интервју со претседателот на Федерацијата, со тоа што посебно внимание привлекува неговиот одговор за најсилната А репрезентација и останувањето на Благоја Милевски.

– Една работа мора да биде јасна и разбрана од сите. ФФМ и репрезентацијата се институции, носењето на важни одлуки не може да биде поврзано со емоции. Не смееме да носиме одлуки со емоции, секоја таква одлука може да биде погрешна. Треба да размислуваме фудбалски и треба да носиме одлуки кои се разумни. Факт е дека оваа генерација на играчи во одреден период имаше лоши резултати, но донекаде тоа беше разбирливо. По настапот на Европското првенство, таа генерација го доживеа својот зенит, а тогаш си замина Горан Пандев. Исто така, поголем дел од фудбалерите ги променија клубовите и од стандардни првотимци станаа резерви.

Сето тоа се одрази на резултатите на репрезентацијата, но за волја на вистината, во последно време резултатите се одлични. На два месеци пред почетокот на едни квалификации за Светско првенство да се направат неоки посериозни промени или некаков рез, според мене е нефудбалски потег. Тоа може да донесе само штета на А селекцијата. Треба да се даде шанса, селекторот ги оствари овие резултати со репрезентацијата и ние сме тука да се обединиме и да им дадеме поддршка, – порача Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција (ВИДЕО)
Следна Статија Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Столе Димитриевски пред утрешниот меч: Позитивен резултат во овој момент за нас е само победа

Столе Димитриевски се надева на победа на утрешниот меч со Казахстан. – Наша цел на секој натпревар е да бидеме…

October 12, 2025
СПОРТ

Oдиме на победа: Македонија од 15 и 30 часот игра против Катар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за денешниот меч со Катар. – Катар имаше одлични…

January 23, 2025
СПОРТ

(Видео) Ураганот Милтон го уништи покривот на стадион во Тампа

Стадионот Тропикана Филд, домот на Тампа Беј Рејс, беше тешко оштетен од ураганот Милтон, пренесува Скај Њуз. Снимката прикажана на…

October 10, 2024
СПОРТ

Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов. Поранешниот играч…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?