Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина
СВЕТ

Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина

Објавено December 4, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск и високи претставници во Ватикан за изгледите за мир во Украина.

Орбан во текот на денот треба да се сретне и со италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

Унгарскиот премиер имаше одвоена средба со поглаварот на Римокатоличката црква, а потоа се сретна со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин и со потсекретарот за односи со државите на Ватикан, Мирослав Ваховски.

-За време на средбата посебно внимание беше посветено на војната во Украина, со фокус на хуманитарните последици и напорите за поддршка на мирот, се вели во соопштението на Ватикан.

На состаноците се разговарало и за унгарското претседавање со Европската унија оваа година, „централната улога на семејството и заштитата на помладите генерации“, се наведува во соопштението.

Орбан на социјалните мрежи објави фотографија од утринската миса во базиликата Свети Петар, со порака: „Мораме да ја искористиме шансата за мир!“Орбан, најблискиот сојузник на Кремљ во Европската унија, постојано повикува на мировни преговори и одбива да испрати воена помош за Украина од руската инвазија во 2022 година.

Папата Франциск редовно се моли за мир во глобалните конфликти, а за време на денешната аудиенција повторно зборуваше за Украина, како и за палестинските територии, Израел и Мјанмар

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина скопјанец откако со возило излетал од патот Велес-Скопје
Следна Статија Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се…

July 14, 2025
СВЕТ

Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска по средбата со неговиот словачки колега, Роберт Фицо, во Братислава изјави дека влезот на Украина…

January 21, 2025
СВЕТ

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот…

June 16, 2025
СВЕТ

Телата на четворица италијански нуркачи пронајдени во подводна пештера

Пронајдени се телата на четворицата исчезнати италијански нуркачи кои починаа минатата недела, објави во понеделник владата на Малдиви, по големата…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?