Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
СВЕТ

Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата

Објавено October 6, 2024 20:15
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена предизвикала пожар додека готвела
Следна Статија Поплавата предвреме ги одвои од синот: Брачна двојка загина во Јабланица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор

Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите…

May 10, 2025
СВЕТ

„Девојко, ти веќе не си гувернер на Канада“ му одговори Маск на Трудо

Доналд Трамп и Илон Маск, заедно со него како негов главен сојузник, имаат идеја да ја припојат Канада кон Америка.…

January 8, 2025
СВЕТ

Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари

Американскиот министер за финансии Скот Бесент предвидува дека САД би можеле да соберат од 300 до 600 милијарди долари годишно…

April 5, 2025
СВЕТ

Трамп ја одложи забраната на „Тик Ток“ за 75 дена: „Сè уште не сум одлучил што ќе се случи“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која бара одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?