Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор
ХРОНИКА

Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор

Објавено November 20, 2024 16:10
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на 14-годишно девојче.

Судот ги огласи обвинетите за виновни – сите се на возраст помеѓу 20 и 30 години.

На С.Д. му беше изречена казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. беа осудени на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. добија казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., се осудени на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а на обвинетиот Б.К. изречена му е условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор.

Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.

Воедно судот на првите пет осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата „Инстаграм“ остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски
Следна Статија Мицкоски за номинацијата на Лутник: Како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот, тоа ќе значи позитива и за македонската економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

Таткото на 19 годишната девојка од Тетово која во саботата падна од тераса од куќата на нејзиниот дедо, вчера самиот…

March 17, 2026
ХРОНИКА

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил на патот Тетово – Јажинце

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил се случила попладнево на регионалниот пат Тетово – Јажинце, јавува репортерот на ТВ21. Како…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Избоден маж од струмичко!

На 18.02.2025 во 19.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој…

February 19, 2025
ХРОНИКА

„Свака би фукара да убие вука: Штекли прати порака од авион

Познатиот Раде Трајковски-Штекли по настанот со експлозија пред неговиот дом, одлучи да се спакува и среќата да ја бара надвор…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?