Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откази за 15 високи полициски функционери, се давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Откази за 15 високи полициски функционери, се давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право
МАКЕДОНИЈА

Откази за 15 високи полициски функционери, се давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право

Објавено November 14, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.

„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.

Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните.

Во одговор на прашањето за безбедноста на државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти
Следна Статија Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство

Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, таму се упатува и еден армиски хеликоптер

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, не штитете некој кој треба да е зад решетки!, вели сопругата на Андреј Ѓорѓиески

Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Просечната излезност во Скопје до 9 часот е под државниот просек

До 09:00 часот, според официјалните податоци на ДИК, излезноста во скопските општини е умерена, со забележливи разлики меѓу урбаните и…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?