Oва е Залбах во Австрија каде се одржува Светско првенство во алпско скијање

- Advertisement -

– Австриската скијачка Стефани Вение го освои златниот медал на денешната трка во супервелеслалом возена на Светското првенство во алпско скијање.

Вение трката ја заврши со време 1:20,47 минути.

Второто место и сребрениот медал ги освои Федерика Брињоне од Италија која имаеш 10 стотинки заостанување.

Две натпреварувачки, Лорен Мацуга од од САД и Каиса Викоф од Норвешка се најдоа на третата позиција со време 1:20,71. 

Утре на распоредот е супервелеслаломот во машка конкуренција.

Светското првенство во Залбах, Австрија се одржува од 4 до 16 февруари.

Сподели ја оваа статија