Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата
СВЕТ

Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата

Објавено December 8, 2024 09:30
Сподели
Сподели

Сирискиот претседател Башар ал Асад го напуштил Дамаск, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на медиумите, тој со авион заминал во непозната дестинација.

Бунтовниците го прогласија главниот град Дамаск „ослободен од тиранинот Башар ал Асад“.

Половина век владеење на семејството Асад заврши, им порача армиската команда на офицерите.

Претседателот на Сирија беше на чело на државата 24 години, а 13 години ја водеше војната против џихадистите и бунтовниците за одбрана на Сирија.

Бунтовничките фракции синоќа влегоа во Дамаск и Хомс, така што цела Сирија контролирана од владините сили, сега е под контрола на бунтовниците.

На социјалните мрежи се појавија информации дека авионот во кој се наоѓал Ал Асад бил соборен, но оваа информација е неверодостојна и непотврдена. Претходно се шпекулираше дека заминал во Русија или во Иран, каде би добил политички азил.

Во меѓувреме статуите на таткото и братот на Асад се соборени во градовите под контрола на бунтовниците, додека неговите слики на билбордите и владините канцеларии се уништени.

За целата ситуација се огласи и сирискиот премиер Мохамед Гази Џалали кој рече дека е подготвен да ја предаде власта во мирна транзиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За многу години: Го празнуваме Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование
Следна Статија ВЛАДА: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек

Патничкиот авион „Беринг ер“ во кој се наоѓале 10 лица исчезнал на пат од Јуналаклито кон Нумеа, на Алјаска, а…

February 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „Американо“ стана „Канадијано“

Во незапамтено прикажување на националното единство, Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со…

March 6, 2025
СВЕТ

Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати

Бројот на жртви во Јужна Кореја се искачи на 14, а уште 12 лица се водат како исчезнати откако поројните…

July 20, 2025
СВЕТ

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?