Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палчо ангажираше и втор адвокат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палчо ангажираше и втор адвокат
ХРОНИКА

Палчо ангажираше и втор адвокат

Објавено October 16, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Љупчо Палевски- Палчо, еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски Вања и Панче, доби засилување во неговата одбрана. На денешното рочиште во Кривичниот суд тој се појави со уште уште еден бранител, поточно адвокатот Јовица Страшевски.

Палевски, уште додека беше во притвор, како свои бранител ги побара Тони Менкиновски, Славчо Секулов и Јовица Страшевски, но тогаш ниту еден од овие адвокати не го прифати случајот. Потоа доби адвокат по службена должност, но неговиот ангажман траеше кратко, бидејќи кумановскиот адвокат Марјан Витановски, се нафати да го застапува пред судот. Од денеска на помош се приклучува и адвокатот Страшевски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
Следна Статија Во акцијата „Премин“ паднаа  16 царински службеници- примале поткуп од 20 до 150 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца странци го оставиле багажот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка во Ѓорче, нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми

На 16.12.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Загина маж, откако со трактор излетал од патот

На 29.11.2025 во 00:27 часот во ОВР Виница е пријавено дека во близина на стариот пат с. Блатец-Берово кај место…

November 29, 2025
ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?