Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово
ПОЛИТИКА

Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово

Објавено October 11, 2024 14:30
Сподели
Сподели

Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет. Ние треба да го користиме мерит системот, а не според етникум да се вработуваат граѓаните, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата „Daily Click“ на ТВ 21.

Панова искоментира дека ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва во оваа приказна, а самите ДУИ, заедно со СДС, во стратегијата за јавна администрација 2023-2030 година, на страна 47, Владата има изгласано да се укине оваа алатка, позната кај народот како балансер.

Имавме доста случаи каде што гледавме како во Тетово, Гостивар, Албанци се пишуваат Македонци, или во Струмица, Берово, обратно, само за да се вработат за да заработат парче леб, меѓутоа тука ние не добиваме квалитетна јавна администрација, туку се вработуваат луѓе според етникум. Затоа и ние како пратеничка група, велиме дека мерит системот е правилниот за вработување, додаде Панова.

Таа дополни дека институциите во државата во следниот период ќе расправаат по ова прашање, со цел алатката која заминува во историја, да се дополни и да биде поквалитетна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес
Следна Статија Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Куманово: Димитриевски во водство со речиси 33% од гласовите

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 21:10 часот се обработени околу 33,53% од избирачките места во Куманово,…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се однесува како куче што лае, ама не каса

„Партијата СДСМ, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и…

December 9, 2025
ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ристески: Очигледно е дека зад фирмите со канабис стои Заев и неговото семејство

Пратеникот Петар Ристески, во гостување на „Само вистини со Видиновски’’ на Канал 5, даде свое мислење дека зад лиценците кои…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?