Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега
ПОЛИТИКА

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

Објавено February 7, 2025 09:35
Сподели
Сподели

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судии и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители којшто се носеше по скратени постапки, буквално на сила изгласани дневни редови и многу закони донесени со европско знаме и така натаму, изјави пратеничката истовремено и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во вчерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 во текот на која се осврна на повеќе политички и актуелни случувања и теми.

Пешевска во овој контекст, го истакна фактот дека довербата на граѓаните во судството изнесува само 2% односно огромна недоверба во истото од 98% како и над 50% неажурност на судовите за што сведочат самите извештаи.

„Како Влада сегашна, а претходно во изборната програма ние тоа го ветувавме дека треба реформи во судството без притоа да ние се мешаме. Ако ние сме потегнале да ги разрешиме сега, затоа што таму се именуваат, во Собранието се именуваат, таму би биле логично разрешени, тоа не значи никако дека извршната власт ќе се меша во изборот на Судскиот Совет. Затоа што дефинитивно и ние бевме застапници на таа теза дека извршната власт без разлика, па и законодавната сме вмешани процедурално, но треба политичарите да ги тргнат рацете дефинитивно од судската власт“, концизна е Пешевска.

Според неа се она што се случува во изминатиов период, особено во последниве неколку дена е всушност резултат и сведочи токму за таквата вмешаност на политичарите и некоректноста на сите чинители.

„Бевме сведоци како се бираа уставни судии, бевме сведоци како се бираа јавни обвинители, партиски полтрони, после седум, осум години уништување на се што можеше, па колку неуставни закони се донесоа, колку го осквернавивте вие Уставот, колку национални порази вие предизвикавте во државата. Штетите што вие ги направивте некои се непоправливи и неповратливи за тие работи што вие ги предизвикавте треба да имате доблест“ јасно потсети Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка од опозициската СДСМ во рамките на дебатата.

Пешевска цени дека опозицијата треба да има минимум достоинство, да се исправа пред јавноста и да се извини пред македонските граѓани кои беа манипулирани од нивна страна.

„Вие се најавувавте како реформска влада, вие р од реформи не спроведовте. Најголем број протести пред судии ви се случуваа во време на вашето владеење, тоа покажува како вие сте ги тргнале рацете од судската власт. Зошто ако вие толку сте ги тргнале рацете од судската власт судството заврши како „трас-трас“судство и Луи Витон обвинителство? Па ние гледавме снимки со торбите пари каде се носеле“, вели Пешевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонска ракија се пиеше во студио на австралиска телевизија, погледнете ја реакцијата на водителката (ВИДЕО)
Следна Статија ЈО: Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Потребен е ветинг за политичките партии да не прераснат во јавни обвинители или во судии, изјави претседателот на политичката партија…

February 8, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе…

July 13, 2025
ПОЛИТИКА

ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот…

January 13, 2026
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?