Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

Објавено November 30, 2024 14:40
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите. СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност. Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава. И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле. Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот. Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови. Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум, истакна Петрушевски.

Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС, додава Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС
Следна Статија Можно е минимално поскапување на струјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни…

May 18, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Престанете да ги лажете своите гласачи, очигледно не сакате реформи

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Некој може да стане и да каже-Али Ахмети го брани Рама, не Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел, зборуваше и за протестите во Албанија. Ахмети…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на трибината на СДСМ: Партијата им ја води човек поради кој изгоре болница во Тетово

Лицемерно е СДС да зборува дека Македонија била понижена, бидејќи тоа што СДС го направи за 7 години на државата,…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?