Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Објавено October 3, 2024 17:27
Сподели
Сподели

На денешната собраниска комисија за политички систем, пратеникот Бране Петрушевски, се осврна на состојбата во судството. За истото има низа на забелешки во извештајот на Европската Комисија за 2023 кој го разгледуваат пратениците.

Петрушевски посочи дека, проблемот е во тоа што криминалците и високите функционери кои злоупотребуваат државни пари не се соочуваат со правдата.

Според него наместо да се казнат за своите дела, тие често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите. Од друга страна, обичните граѓани се осудуваат за бенигни прекршоци. Оваа нееднаквост е срам за правосудниот систем на Република Македонија.

Пратеникот Петрушевски се осврна на својот предмет, односно што беше осуден за клевета од судијата Неџат Мемети во Основниот суд во Куманово, ја отсликува оваа неправда.

Пресудата, која е базирана на неважечки закони, ја покажува врската помеѓу судството и власта. Судот го игнорира уставниот член кој го штити пратеничкиот имунитет за изјави дадени од собраниската говорница, како и пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои ја потврдуваат апсолутната заштита на пратениците од граѓанска одговорност за изјави во парламентот. Судијата во целата пресуда цитира одредби од закон за граѓанска одговорност кои што не постојат, законот изменет во 2022 година објавен во службен весник број 251 на 22 ноември 2022 година гласан од моја страна од ова собрание меѓутоа овој судија цитира одредби од неважечкиот претходен закон, рече Петрушевски.

Според Петрушевски, ова е само еден пример за системските пропусти во правосудството.

Наместо да ги штити интересите на граѓаните и да обезбеди праведност, судскиот систем честопати станува инструмент на политички интереси и злоупотреба на власта. Доколку ситуацијата не се подобри, граѓаните ќе продолжат да губат доверба во институциите кои треба да ја гарантираат правдата, вели Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Никола Јокиќ мераклија за бурек
Следна Статија Снег падна во Словенија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Чашата ќе се прелее, оваа одмазда против Албанците не и помага на државата, вели Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга испрати остро предупредување до македонските политички структури, обвинувајќи ги за системска одмазда и…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје…

May 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
ПОЛИТИКА

„Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?