Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година
ЕКОНОМИЈА

По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година

Објавено October 7, 2024 16:09
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

– Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред – телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

– Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина
Следна Статија Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие…

May 28, 2025

ServiceNow во напредни разговори за стекнување на Armis во вредност од околу 7 милијарди долари

Израелскиот кибер-безбедносен единорог, кој минатиот месец обезбеди 435 милиони долари со вреднување од 6,1 милијарди, се подготвуваше за потенцијално

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови цени на горивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по…

February 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, очекува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде,…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?