Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Објавено January 25, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го одбележаа 44-тиот роденден на амбасадорот на музиката, љубовта и на хуманоста.

Споменот за Тоше ќе живеее додека се слушаат неговите пасни. А според бројот на фановите не само од земјава кои ги слушаат песните на Тоше и кои секогаш доаѓаат овде, во музејот на спомените за Тоше, тој уште многу долго ќе живење. Болна е вистината што Тоше многу млад нѐ напушти, со многу нереализирани свои сништа, музички и хумани проекти. Но радува тоа што неговите фанови, поддржувачи, и ние, сите заедно, го одржуваме споменот за Тоше преку сето она што го постигна, рече Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево.

Во музичкиот перформанс „Ангел си ти“ настапија млади пејачи кои ги изведоа песните на Тоше: Нела Манческа, Дорис Димовска како и бендот „Лок даун“. За првпат настапија вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Република Бугарија, под раководството на Аделина Колева.

За првпат дојдовме тука, во Крушево. Огромни се задоволството и честа што сме во музејот на Тоше, зашто го сакаме Тоше, неговото искуство, неговото огромно творештво кое го создаде со многу љубов и позитивизам. Ова го правиме со огромна љубов, рече Колева.

Стела Прајс од Загреб, Хрватска секогаш е во Крушево за сите значајни моменти поврзани со Тоше.

Тоше е огромна љубов. И ден-денес нѐ учи на тоа. Јас секогаш го сакам тоа што го направи за сите нас, а жалам што не постигна уште многу повеќе, рече Стела Прајс.

Бројни фанови и делегации, точно во времето кога Тоше се родил, 11,15 часот, положија свежи цвеќиња на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Почит изрази и министерот за култура Зоран Љутков, кој рече дека прво го посетил семејството на Тоше, а нагласи дека очекува во наредните две години да се реализира проектот за филм, документарна емисија и серија за Тоше. Вклучени се Министерството за култура и туризам и МРТВ.

Тоше постигна многу во музиката и е великан. И не само во музиката, туку и уште повеќе во неговата мисија да ги обединува луѓето. Со неговата добрина, храброст, хуманост, со неговата љубов и патриотизам кон сопствената земја. Да им покаже, не само на Македонија, туку и на светот, како треба сето да изгледа во иднина. Денес го посетив и семејството на Тоше. Тоа беше многу емотивна средба. Мора да го продолжуваме делото на Тоше, рече Љутков.

Љутков го изрази очекувањето дека до крајот на февруари ќе се знае продуцентската куќа која ќе го реализира проектот за филм и документарна емисија за Тоше што за првпат Македонија ќе ги снима. Вклучени се министерството за култура и туризам и МРТВ.

Конечно потпишавме договор со „Еуроимаж“ за поддршка на македонските ТВ серии. Како Влада и Министерствот се договоривме со МРТВ да обезбедиме доволно средстваобезбедиме доволно средства за да се реализира еден огромен проект: филм, серија и документарен филм за животот и делото на Тоше Проески. Секако во соработка со неговата фамилиха зашто сакаме да ги покажеме точните работи, фактите каков беше нашиот великан Тоше. Во проектот се Владата, партер со својот буџет е МРТВ како и онаа продукција која ќе ги исполнува условите. Се надевма дека по изборот на продукцијата, во периодот од две години ќе биде готов проектот. Овој проект е од национален интерес. Се надевам дека до крајот на февруари, по изборот на продуцентот, ќе почне реализацијата на проектот, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затвореник во Идризово пронајден мртов во ќелијата
Следна Статија Поради маглата се откажаа летови од скопскиот аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Алиу: Го олеснуваме пристапот на пациентите до Клинички – обезбедивме 300 нови паркинг места за вработените

Како и што најавив, проблемите ќе ги решаваме со конкретни, издржани и применливи мерки. И денешниот ден го посветуваме токму…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?