Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поголем дел од Скопје утрово остана без вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поголем дел од Скопје утрово остана без вода
МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје утрово остана без вода

Објавено December 21, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Надлежните уверуваат дека санацијата ќе заврши за најмногу 15 часа, а Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните.

Поради најавената санација, изминатите денови беше забележана зголемена продажба на вода по маркетите.

Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот.

Вода ќе има само во Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

За санирање на дефектот треба да биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, а покрај оваа локација, ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод.

Од „Водовод и канализација“ вчера информираа дека е изготвен оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.

– Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби вода.

Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со ул.

„Никола Парапунов“ ќе се изврши: Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров, Репарација на затварач Ф600мм на мост „Обединети нации“ кој тече, Заптивање на затварач Ф700мм на булевар „Партизански одреди“ кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта, Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул.

„Никола Парапунов“ и Замена на 4 водушни вентили“, информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Од Институтот за јавно здравје издадоа препораки за граѓаните.

Се препорачува складирање на вода најмалку четири литри вода по лице на ден, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење.

. . На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на ТОАРИЛУЦ непречено ќе се реализираат најитните интервенции.

Директорите на двете установи во изјава за МИА информираа дека се преземени сите неопходни чекори за да нема застој кај итните интервенции. – Најитните интервенции ќе се реализираат непречено.

ТОАРИЛУЦ веќе направи план и организираше зголемен број медицински тимови кои ќе бидат ангажирани за време за викендов.

Ги преземаме сите мерки за да продолжи континуитетот во работата, без притоа да има поголем застој во функционирањето, изјави директорката на ТОАРИЛУЦ Марија Срцева за МИА.

Проблеми во работата не очекува и директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Небојша Настов. – Не очекуваме проблеми, ќе работиме со итни пациенти како и секој викенд.

Работното време кај нас е 24/7, изјави Настов за МИА.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вторникот во изјава за медиумите рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.

– Техничките лица на јавните скопски претпријатија се подготвени согласно планот да направат што е можно во пократок рок, така што за истото нема да има никаква потреба од дотур на вода, затоа што нема да трае ништо повеќе од една редовна санација на кој било дефект што го имаме во градот, рече Арсовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Груби не е во Косово, туку во Албанија, вели Меџити
Следна Статија Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации

Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, го повтори ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, оствари интервју со етаблираниот…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Архангел Михаил – голем празник за православните христијани

За православните христијани денеска е голем и тежок христијански празник - Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштена е во употреба модерна железничка пруга Куманово – Бељаковце

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска официјално ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце. Со должина од…

January 17, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?