Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
ХРОНИКА

Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група

Објавено January 19, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, во текот на вчерашниот ден и денеска спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Како што потенцира МВР, криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словачка се закани дека ќе излезе од НАТО и ЕУ, премиерот Фицо не ја исклучи таа можност
Следна Статија Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски ослободени од гонење за организирање на 27 април

Oсновниот кривичен суд во Скопје го уважи барањето за примена на амнестија поднесено од обвинетите Трајко Вељановски, Спиро Ристески, Миле…

January 23, 2025
ХРОНИКА

24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

Загинатиот велосипедист кој денеска настрада во Скопје е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис. Ќука беше тешко повреден а подоцна…

November 3, 2025
ХРОНИКА

Младо момче уапсено во Крива Паланка откако нападнал полицаец

На 30.08.2025 во 01:30 часот на Градскиот стадион во Крива Паланка од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?