Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
ХРОНИКА

Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група

Објавено January 19, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, во текот на вчерашниот ден и денеска спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Како што потенцира МВР, криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словачка се закани дека ќе излезе од НАТО и ЕУ, премиерот Фицо не ја исклучи таа можност
Следна Статија Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Во Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски денеска даде исказ во кој изнесе своја верзија за односите со…

April 17, 2026
ХРОНИКА

Странски државјани приведени на „Табановце“ поради бела прашкаста материја и таблети

Странски државјани синоќа биле приведени на граничниот премин „Табановце“ поради бела прашкаста материја и таблети, информираат денеска од Министерството за…

August 26, 2025
ХРОНИКА

Уапсени двајца возачи кои превезувале мигранти кон Скопје

Денеска во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово од Јасен после целовечерната борба со шумскиот пожар, рече дека…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?