Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања
ХРОНИКА

Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања

Објавено December 16, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците требаше да биде Гоце Трајковски, но тој останува недостапен за органите на прогонот.

На претходните судења мајката на Трајковски го правдаше синот дека има панични напади и затоа не може да дојде. Во меѓувреме се појавија информации дека Трајковски се бара од полицијата за подметнување на пожар во кафуле во населбата Кисела Вода.

Кираца Трајковска и нејзиниот син Гоце, кумови со семејството на грабнатата и свирепо убиена Вања Ѓорчевска, се првите кои ги поврзале исчезнувањата на Панче Жежовски и на Вања, според сведочењето на Трајковска.

Денеска сведочеа двајца полициски инспектори кои биле присутни за време на претресот кој што се случил во домот на братот на обвинетиот Љупчо Палевски- Палчо, во селото Глуво. Сведоците посочија дека при претресот бил одземени еден лаптоп, таблет и мобилен телефон.

На прашање на обвинителката дали инспекторот забележал дали некој од присутните во куќата токму тогаш ѕвонел на телефонот на Вања, инспекторот рече дека тој и неговите колеги не забележале дека некој од присутните остварил телефонски повик. Од дополнителните прашања од одбраната се сфати дека ваков телефонски повик бил извршен од телефонот на братот на Палевски, но сведокот  повтори дека не забележале некој да се јавува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје…
Следна Статија Не бев изненадена, бев задоволна – Агелер за ставањето на Груби на „црната листа“ на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж загина од удар од гром во прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека вчера преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Почина тригодишно дете од Кавадарци

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено…

June 4, 2025
ХРОНИКА

ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника

Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

Во врска со настаните од прославата на 28 ноември, Денот на албанското знаме, случајот е расчистен во насока на тоа…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?