Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапува престојот во Грција: Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поскапува престојот во Грција: Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција
БАЛКАН

Поскапува престојот во Грција: Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција

Објавено January 2, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Новите повисоки цени на таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција, стапуваат во сила оваа година, односно за време на туристичката сезона од април до октомври, а во зависност од видот на сместувањето, таксата е од половина до пет евра поскапа, јави дописничката на МИА од Атина.

Промените на цените, како и воведувањето на новата такса за патниците од крузерите ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на септември од Меѓународниот саем во Солун, додека пак минатиот месец беа објавени во Службен весник на Грција и од вчера стапија во сила.

Согласно законските одредби што ги анализира МИА, во периодот од април до октомври, за хотелите со една и две ѕвезди и за собите за изнајмување, таксата ќе биде две евра наспроти евро и половина колку што беше лани.

За две евра поскапа ќе биде таксата за хотелите со три ѕвезди (од три на пет евра), за хотелите со четири ѕвезди е десет евра од досегашните седум евра, а најголемо зголемување има за хотелите со пет ѕвезди и вили, односно од вечер ќе се плаќа такса од 15, наспроти досегашните десет евра.

Периодот во кој досега се применуваше ниската такса (ноември до февруари) се продолжува за еден месец и го опфаќа март, а цените остануваат како и досега.

Кај сместувањата од типот на Аирбнб таксата се зголемува од половина евро на две евра во зимските месеци и од 1,50 на осум евра во летните месеци.

Таксата за отпорност на климатски кризи во Грција се плаќа за секое ноќевање и се однесува на соба, а не на бројот на туристи.

На пример за двокреветна соба во хотел со две ѕвездички, летниот десетдневен одмор, ќе биде за 20 евра поскап, додека пак доколу хотелот е со четири ѕвездички, за десет ноќевања, за собата ќе треба да се платат дополнителни 100 евра.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, на средината на септември посочи дека приходите од таксата ќе бидат наменети за превенција и обнова од природните катастрофи, како и за подобрување на инфраструктурата за поддршка на туристичкиот производ на земјата.

Паралелно, се воведува и такса за туристите од крузерите, што ќе биде највисока на островите Миконос и Санторини, односно 20 евра по патник за периодот од 1 јуни до 30 септември, а на останатите пристаништа во земјата пет евра.

Во април, мај и октомври таксата ќе биде намалена за 40 отсто, односно за двата конкретни острови ќе биде 12 евра, а за останатите по три евра, додека од ноември до март ќе се намали за 80 проценти, на четири, односно едно евро.

Според министерката за туризам процените се дека оваа такса годишно ќе донесе околу 50 милиони евра.

Приходите ќе биде распределени на три дела, еден за општините каде што пристигнуваат патниците со цел да се извршат неопходните работи на пристаништата, друг ќе се вметне во буџетот на Министерството за поморство, а останатиот дел ќе биде вклучен во буџетот на Министерството за туризам со цел подобрување на туристичката инфраструктура за поддршка на туристичкиот производ на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата откри поврзаност меѓу напаѓачите од Лас Вегас и Њу Орлеанс
Следна Статија Маск побара Британија да го ослободи од затвор лидерот на британската крајна десница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ексминистер и двајца поранешни директори се меѓу уапсените за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот.…

November 21, 2024
БАЛКАН

Oд утре нови такси за туристите во Грција

Грчката влада воведува нова задолжителна такса за патниците на бродови за крстарење што ги посетуваат грчките пристаништа. Целта на оваа…

July 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

Италија истражува наводи дека „воени туристи“ им плаќале на српските сили да убиваат Босанци „за забава“ – а неколку се…

November 15, 2025
БАЛКАН

Нов шок потег: Родителите на монструмот Коста немаат намера да се појават на суд

Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето-убиец кое во мај минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“,…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?