Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство
МАКЕДОНИЈА

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство

Објавено January 15, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции.

Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши електронската размена и описите на регистрираните сервиси кои можат да бидат предмет на електронска размена.

Врз основа на договорот, обвинителството ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила, за живеалиште и престојувалиште и за поседување оружје.

По потпишувањето на Договорот, Коцевски и Тошковски разговараа и за повеќе тековни прашања од областа на координацијата меѓу двете институции во насока на ефикасно гонење на сторителите на кривични дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Рама на колена ja изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна
Следна Статија Мицкоски: Најзаслужни за делницата Градско–Дреново се работниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Села си ја врати „Алијанса“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека врз основа на донесената одлука од…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана и синдикатите на разговор за новиот колективен договор

Минстерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имаше средба со претставници на синдикатите за изработка на нов колективен договор. Подобри услови…

June 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Летово може да здивнеме: И во мај нема да проработи системот ЕТИАС со кој ќе ни наплаќаат влез во ЕУ

Системот ЕТИАС нема да биде имплементиран во првата половина на 2025 година, покажуваат новите информации објавени на официјалната веб-страница на…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?