Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познат фудбалер е уапсен поради шверц на кокаин- пред 4 години беше шампион на Италија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Познат фудбалер е уапсен поради шверц на кокаин- пред 4 години беше шампион на Италија
СПОРТ

Познат фудбалер е уапсен поради шверц на кокаин- пред 4 години беше шампион на Италија

Објавено January 28, 2025 09:54
Сподели
Сподели

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е уапсен денеска во Брисел во врска со истрагата за увоз на кокаин од Јужна Америка во Европа!

Наводно, шверцот се вршел преку пристаништето Антверпен, а апсењето на Наинголан е дел од пошироката истрага за организиран криминал фокусиран на дистрибуцијата на кокаин во Белгија. Истрагата се уште е во тек, а обвинителот изјави дека во овој момент нема да се даваат дополнителни коментари, но ја нагласи презумпцијата на невиност.

Еден од деловните партнери на Наинголан, Ибрахим Ахмадун, претходно бил поврзан со шверц на кокаин, бидејќи е осуден во САД во 2016 година.

  • Не мора цел живот да плаќате за грешките. Само затоа што сте направиле грешка во минатото, не значи дека треба да плаќате за тоа до крајот на животот. И тој е навистина добар во својата нова работа“, изјавил неодамна Раџа.

Наинголан во текот на својата кариера настапуваше за Каљари, Рома и Интер, со кои стана шампион на Италија во 2021 година, додека моментално е член на второлигашот Локерен, за кого викендов дебитираше и постигна гол.

Клубот преку медиумите дознава дека Раџа е уапсен.

  • Бидејќи истрагата се уште е во тек, полициските служби не сакаат и не можат да дадат дополнителни коментари. Тие го почитуваат принципот на презумпција на невиност и ние како клуб се согласуваме со тоа. Можеме само да потврдиме дека играчот утрово не беше присутен на тренингот“, се вели во соопштението.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски државјанин дивеел низ Србија – „летал“ со 184 км на час и повредил полицаец
Следна Статија ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Манчестер Ј. го има наjлошото отворање на сезоната по 2022 година

Манчестер Јунајтед остана без победа и по второто коло во англиската Премиерлига. Екипата на Рубен Аморим ремизираше 1-1 на гостувањето…

August 25, 2025
СПОРТ

Ноле нема да игра во Мајами, пак се повреди

- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до…

March 16, 2026
СПОРТ

Гатузо: На Трајковски му должам голема благодарност, слободно можеше да ме испрати каде што не треба

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски вчера постигна победнички гол за Хајдук на мечот со Ријека за 2:1, а тренерот на сплиќани…

May 19, 2025
СПОРТ

Лионел Меси со нов договор во Интер Мајами

Лионел Меси и официјално потпиша нов договор со Интер Мајами, со кој ќе остане дел од клубот до крајот на…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?