Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познат идентитетот на напаѓачот во Словачка: Наградуван на натпревари и најдобар ученик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Познат идентитетот на напаѓачот во Словачка: Наградуван на натпревари и најдобар ученик
СВЕТ

Познат идентитетот на напаѓачот во Словачка: Наградуван на натпревари и најдобар ученик

Објавено January 16, 2025 22:00
Сподели
Сподели

Напаѓачот од Словачка, кој денеска изврши напад во средно училиште во Спишка Стара Веса е 18-годишниот Самуел С. Тој со нож уби две лица, а рани неколкумина.

Самуел е ученик во Гимназијата на улицата Штурова каде денеска го изврши нападот. Инаку, Семјуел изгледа како многу интелигентно момче.

Минатата година учествувал на младинскиот европски натпревар, кој беше истакнат на Фејсбук страницата на училиштето. Инаку, Самуел имал освоено и повеќе награди на натпревари во мал фудбал, кошарка и германски јазик… Бил успешен на натпреварот iBobor во алгоритамско размислување со процент од 99,10 проценти. Тогаш во Словачка се натпреваруваа 6.030 ученици, од кои само 6,05 отсто беа успешни.

По масакрот тој се обидел да го напушти училиштето и да побегне од местото на настанот, но полицијата брзо го уапсила. Крвавиот инцидент се случил нешто пред 13 часот, а на местото пристигнале неколку екипи на Брзата помош. Полицијата околу 20 минути трагала по насилникот.

Според првите информации, напаѓачот денеска требало да има стручен испит во гимназијата во Спишка Стара Веса.

Загинаа 52-годишен заменик директор и ученичка. Во нападот се повредени две лица, а едно од нив е со повреди опасни по живот.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Матуш Шутај Ешток, го осуди нападот врз учениците, додавајќи дека излегол на местото на трагедијата и изразил сочувство до семејствата на жртвите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија, се смета дека е 45-иот во светот што го доживеал тоа
Следна Статија Данската премиерка и Трамп разговарале 45 минути за Гренланд- му порачала дека не е на продажба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија, секунди по полетувањето

Авион на „Ер Индија“ што леташе кон Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот…

June 12, 2025
СВЕТ

Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една…

September 19, 2025
СВЕТ

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот…

February 5, 2025
СВЕТ

Саркофагот на Свети Никола пронајден во Турција?!

За време на ископувањето и реставрацијата на територијата на црквата Свети Никола во турскиот град Демре, кој гледа кон Средоземното…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?