Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“
ЗАБАВА

Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“

Објавено January 7, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Деми Мур освои „Златен глобус“ за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „The Substance“, приказна за актерка која избледува во потрага по фонтаната на младоста.

Ова е една од најзначајните награди што ги има добиено и нејзина четврта номинација за „Златен глобус“, откако претходно беше номинирана за улоги во филмовите „Дух“ (1991), како и во две категории за филмот „Ако ѕидовите би можеле да зборуваат“ (1997). При примањето на наградата, шокираната 62-годишна актерка одржа емотивен говор кој ги расплака фановите.

Навистина не го очекував ова. Во моментов сум во шок. Ова го правам долго време, повеќе од 45 години, и ова е прв пат да освојам нешто како актерка и сум едноставно толку понизна и толку благодарна“, започна таа, а потоа се осврна на својата кариера и на она што надминало сè низ годините.

„Пред 30 години, еден продуцент ми рече дека сум безначајна актерка, тоа значеше дека можам да снимам успешни филмови кои ќе заработат многу пари, но дека нема да ме препознаат и верував во тоа“, рече таа додека беше совладана од емоциите.

И тоа на крајот ме изглода до тој степен што пред неколку години помислив дека можеби „ова е тоа“. Можеби го направив она што требаше да го направам. Но на моето биро дојде лудото сценарио наречено „Супстанција“.

„Универзумот ми кажа дека не сум готова“, рече таа и се заблагодари на режисерката и сценаристката на филмот Корали Фаргит за укажаната доверба, како и на целиот нејзин тим, од кои многумина се со неа повеќе од 30 години и кој ја поддржуваше и кога не веруваше во себе.

Таа се осврна на клучниот момент во филмот во кој Елизабет Спаркл, ликот што ја игра, ја симнува шминката:

Во оние моменти кога мислиме дека не сме доволно паметни или убави или доволно слаби или успешни, или дека ние едноставно не сме доволно добри, една жена ми рече: „Само знај дека никогаш нема да бидеш доволно, но можеш да ја знаеш својата вредност ако само ги спуштиш критериумите“.

„И така денес го славам ова како знак на мојата целост и љубов што ме трогнува и дарба да правам нешто што го сакам и да се потсетувам дека некаде припаѓам“, заклучи таа и остави бројни ѕвезди, но и обожаватели ширум светот трогнати до солзи, со овации кои одекнуваа дури и кога таа ја напушти сцената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МОЌНО ОРУЖЈЕ: Што треба да знаете за мета очилата што ги користел напаѓачот од Њу Орлеанс во нападот
Следна Статија (ФОТО) Роџер Федерер доминираше со нов изглед, им одржа модна лекција на сите мажи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го преболе Бастијан: Ана Ивановиќ се заљуби во тренерот

Ана Ивановиќ експресно го преболе Бастијан Швајшајгер. Како што пишуваат српските медиуми, поранешната тенисерка е заљубена во личниот тренер Фран…

August 21, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија

Убавата Џиџи за прв пат објави фотка со партнерот, холивудскиот заводник на манекенки, актерот Бредли Купер, а фотографијата е направена…

May 4, 2025
ЗАБАВА

Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ ја „спукаа“, ги делеше Спасен Силјановски (ВИДЕО)

Македонската бодибилдинг икона, Тоше Зафиров сподели интересно видео од приватна дружба со македонскиот пеач Спасен Силјановски и српскиот „жесток момак“…

October 6, 2025
ЗАБАВА

Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе

Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага. Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?