Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок
ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

Објавено January 28, 2025 11:58
Сподели
Сподели

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради високите цени на храната.

Граѓаните се повикуваат на последниот ден од месец јануари да не купуваат ништо со цел да се изврши притисок и врз трговците но и врз Владата да се преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата но и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Иницијативата кај нас доаѓа откако вчера и БиХ најави дека ќе го следи хрватскиот пример и тие најавија дека ќе организираат ваков бојкот.

Според повикот граѓаните треба да ги бојкотираат маркетите, бензинските пумпи, кафулињата, рестораните како израз на незадоволство од скапотијата.

Во Хрватска, граѓаните организираа масовен протест, изразувајќи незадоволство од високите трошоци за живот.

Овој протест ја намали продажбата во макретите за 50 отсто во еден ден, а тоа ги инспирираше и соседните земји да преземат слични акции.

Слични иницијативи се најавени и во Црна Гора, каде граѓаните планираат да се воздржат од купување во супермаркетите и да избегнуваат помалите маркети на 31 јануари. Целта е да се испрати порака дека граѓаните не ги толерираат нереалните поскапувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка: Видовме политичка злоупотреба на несреќата
Следна Статија (ВИДЕО) Такер Карлсон: САД се обидоа да го убијат Владимир Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ампева за предлогот на СДСМ за зголемен минималец: До вчера беа на власт, сега ќе глумат заштитници на правата на работниците

Опозициската СДСМ вчера обзнани дека ќе предложат измени и дополнувања на законот за минималната плата да се покачи на 27…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Протест на оризопроизводителите поради проблеми, од МЗШВ најавуваат итни решенија

Намаленото наводнување на оризовите посеви ќе има големо негативно влијание. Повисоки субвенции и промена во критериумите - со вакви барања…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?