Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
ХРОНИКА

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Објавено November 10, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Синоќа на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.

Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода. Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување.

Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вредноста на доларот зајакна, а еврото е под „притисок“ поради ситуацијата во Германија
Следна Статија ЧЕТИРИ хороскопски знаци ќе доживеат луда среќа на почетокот на 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за свирепото убиство во гостиварско: Жената донела пиштол, мажот ја убил, а телото го закопале

Основното јавно обвинителство Гостивар почна истрага против две лица осомничени дека извршиле кривично дело Убиство од член 123 став од…

December 17, 2025
ХРОНИКА

И од Бангладеш им избегаа работници на македонските газди

На 14.11.2024 во 10:10 часот во Полициската станица Центар, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37)…

November 15, 2024
ХРОНИКА

19-годишник во „мини морис“ удри во девојче кај „Сити мол“

Девојче било удрено и повредено од автомобил вчеравечер околу 19 часот на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во близина на „Сити…

May 10, 2025
ХРОНИКА

Поранешната девојка со тажна објава се прости со прерано починатиот Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?